Search

Боливуд најави преработка на „Форест Гамп”

Боливудската ѕвезда Амир Хан ѝ соопшти на јавноста дека ќе го глуми индискиот „Форест Гамп”, во новата преработка на истоимениот американски оскаровски филм.

Хан ќе ја толкува улогата на Лал Синх Чадха, заснована на ликот на Том Хенкс во оригиналниот легендарен филм од 1994 година, кој доби шест Оскари, вклучувајќи ги и тие за најдобар филм, режија и најдобра машка главна улога – што отиде кај Хенкс.

– Отсекогаш сум го сакал „Форест Гамп” како сценарио. Тоа е приказна којашто го опишува животот. Тоа е прекрасен филм. Тоа е филм за целото семејство, изјави Хан.

„Форест Гамп” го режираше Роберт Земекис и е заснован на истоимениот роман на Винстон Грум од 1986 година.

За новата улога, Хан ќе ослабне 20 килограми.

Треба да знаете
Последни објави