Search

Боки 13 од баба му Евгенија добил 300.000 евра

Адвокатот на Боки 13, Сашко Дуковски денеска цитираше документација, односно изјава од Марина Туцаковиќ и Александар Фула Радуловиќ за дадени пари, како и позајмица од 125.000 евра, дадени од познатиот фудбалер Стевица Ристиќ.

Адвокатот додаде дека Јовановски добил пари и од продажба на недвижен имот од неговата баба Евгенија, за што приложи нотарска акт, како и доказ за денационализација на имот од која добил 300.000 евра.

Тој рече дека со фотографии ќе докаже дека најголемиот дел од запленетата гардероба Јовановски ја купил оддамна, од 2013 година, па се до 2019 година.

-Во најголем дел од запленетата гардероба е купена од многу порано од наводниот термин на извршување на кривичното дело, рече адвокатот Дуковски.

На наредното рочиште ќе бидат презентирани фотографиите од гардеробата на Боки 13.

Претходно сведочеше Александар Радуловиќ, музички продуцент и композитор, сопругот на познатиот српски текстописец, Марина Туцаковиќ. Тој рече дека вложиле во телевизијата 1ТВ на Боки.

На рочиштето закажано за во петок треба да свдочат сведоци на одбраната на Катица Јанева која побара при презентација на нивните докази на одредени рочишта јавноста да биде исклучена.

Треба да знаете
Последни објави