Search

Боки 13 мора во болница, зошто е во животна опасност

Апелацискиот судски совет денеска одржува јавна седница за барањето на Бојан Јовановски за укинување на притворот. Советот го води судијата Јани Ниџа.ОЈО во овој предмет бара притворот за Јовановски да биде продолжен. Претходно Кривичниот суд му го продолжи притворот на првоосомничениот во овој случај на нови 30 дена. Јовановски е првоосомничен во случајот „Рекет”.

Сашко Дуковски, бранителот на Јовановски изјави дека истрагата против неговиот клиент е завршена, па затоа обвинетиот не може да влијае на сведоци и таа одлука на Основниот суд Скопје 1 треба да биде отфрлена.

– Судот си дозволува мериторно за осомничениот да одлучува за се, па дури дека е и виновен – рече Дуковски.

Кривичниот совет на скопска единица според него со одлуката многу згрешил и навел низа „бисери”. Тој побара превентивна мерка за неговиот клиент, нагласувајќи дека нема да бега никаде и ќе биде достапен во процесот.

Треба да знаете
Последни објави