Search

Боки понуди 150.000 евра како гаранција дека нема да избега

Одбраната на Бојан Јовановски понуди куќа во вредност од блиску 100.000 евра и локал во вредност од 50.000 евра како гаранција на барањето да му се укине мерката притвор каде што Боки е веќе седум месеци. Одбраната се жали на последното решение за притвор кое истекува на 8. март.

Како што објави „360Степени“, Јовановски гаранцијата ја понуди пред Апелацискиот суд Скопје, каде што во моментов се одржува јавна седница на која се разгледува жалбата на Јовановски за одлуката од првостепениот суд  да остане во Шутка.

Под гаранција тој става дел од куќа на негов братучед, проценет на околу 102 000 евра и еден локал – деловен простор во сопственост на неговата мајка, Јасминка Јовановска, со вредност од околу 40 000 евра. Ова е првпат тој да понуди гаранција за да излезе од притвор.

Адвокатот Сашо Дуковски посочи дека не можат да подготват квалитетна одбрана додека Јовановски се наоѓа во притвор, како и дека поради здравствената состојба мора да има хигиенско-диететски режим кој не може да се спроведе во затворот во Шутка.

Обвинител од Вишото јавно обвинителство се спротивстави на барањето на Јовановски барајќи апелациските судии да го одбијат како неосновано.

Треба да знаете
Последни објави