Search

Боки дојде на судење, ама рочиштето не почнува

Првообвинетиот во Рекет, Бојан Јовановски денеска дојде на рочиштето кое вчера се одложи поради неговата здравствена состојба.

Вчера судијката Васка Николовска Масевска рече дека ќе наложи конзилијарен преглед на Боки 13 за да се утврди дали е во можност да ги следи рочиштата.

Бидејќи судот не добил конзилијарно мислење за состојбата на обвинетиот, таа реши да се одржи рочиштето.

Адвокатот Сашо Дуковски реагираше на одлуката на судот да почне рочиштето бидејќи немало конзилијарен преглед вчера на Клиниката за гастро, оти немало услови, немало лекари не била целосна документација и слично. Бојан не е во состојба да го следи судењето, под седативи и болки.

Судијката, сепак рече да продолжи рочиштето но Дуковски инсистираше судот да опстои на одлуката од вчера да се направи конзилиарен преглед,  а Јовановски воопшто не бил прегледан.

Дуковски рече дека во затворот немало лекар, истиот бил пензионер и доаѓал на три дена, па немало денеска лекар за да го прегледа и каже дека не може да присуствува на рочиштето.

Судијката даде половина час пауза за да дојде екипа на итна медицинска помош за да го прегледа.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави