Search

„Боинг” најавува план за доброволно заминување од компанијата

Генералниот директор на „Боинг”, Дејвид Калхун најави денеска спроведување на план за доброволно заминување на вработени, со цел компанијата да ги надмине последиците од новиот коронавирус и да се подготви за зајакнување по завршувањето на здравствената криза.

– Преземаме мерки, вклучувајќи и план за доброволни напуштања на работните места… Овие мерки ќе доведат до стабилизирање, под услов да не се соочиме со други предизвици, им напиша Калхун на сите вработени во авиокомпанијата.

Воздухопловниот сектор е меѓу првите економски жртви на Ковид-19, а „Боинг” беше во криза и поради авионот 737 Макс, на кој му е забрането летање по двете авионски несреќи во кои загинаа 346 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави