Search

Богојески: Сите политичари кои на овие избори ветуваат враќање на името ги лажат граѓаните со цел да дојдат до власт

Петар Богојески, претседателот на политичката партија „Македонски концепт“ во вечерашното гостување во „Само Вистина“ на ТВ Канал 5 потенцираше дека сите политичари на овие избори кои ветуваат враќање на името и поништување на Преспанскиот договор ги лажат граѓаните.

„Никој нема да го врати името дури тоа е и штетно за македонските национални интереси во овој момент, се додека не се евалоризира загубата, а тоа е полноправно членство во ЕУ и да застанеме на исто рамниште со соседите.

Сите политичари кои го ветуваат тоа не ја кажуваат вистината и манипулираат со патриотските чувства на граѓаните со цел да дојдат до власт“, посочи Богојески.

Треба да знаете
Последни објави