Search

Богоевски си поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски поднесе оставка по скандалот со објавената снимка од телефонски разговор. Наспроти тврдењето дека Богоевски нарачувал кокаин, тој тврдеше дека нарачал масло од канабис за негов близок пријател кој боледува.

„Почитувана јавност, гласот за одземање на мандатот ќе биде мојот последен глас во ова Собрание. Оваа одлука ја донесов кога се пријавував во полиција. Не би сакал мојата пратеничка функција да влијае на правосудните органи кои ќе го истражуваат овој случај“ – рече Богоевски.
Тој денеска соопшти дека оставката ќе стапи во ефект по гласањето на пленарната седница за мандатот на Никола Груевски.
Седницата што денеска требаше да се одржи, а на која на дневен ред е предлогот за одземање пратенички мандат на Груевски, Богоевски ја прекина и таа дополнително ќе биде закажана.
Треба да знаете
Последни објави