Search

Блимел: ЕУ не е целосна без Балканот

На Австрија и е целосно јасно дека ЕУ ќе биде целосна дури кога земјите од Западниот Балкан ќе станат нејзин дел, изјави австрискиот министер за ЕУ, Геронт Блимел во пресрет на утрешната конференција во Виена, насловена „Иднината на ЕУ – Погледи од Западниот Балкан”.

На утрешниот собир во Виена се поканети претставници на Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, како и на Романија, која е актуелен претседавач со ЕУ, со цел да разговараат за иднината на западнобалканските земији во Унијата.

Во сооштението од кабинетот на Блимел во пресрет на средбата, се нагласува дека Австрија планира на собирот да настапи како „портпарол” на земјите од Западен Балкан.

Цел на Конференцијата е да се увиди „погледот од надвор на дискусијата за иднината на ЕУ”, особено пред изборите за Европскиот парламент во мај годинава.

Според Блимел, во дисусијата за идните односи во ЕУ неопходно е да бидат вклучени и државите од регионот на Западен Балкан, со цел и тие да учествуваат во креирањето на европската иднина.

– Главен приоритет е во јуни да започнат пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, нагласи Блимел.

Според него, сепак, ќе треба да се биде искрен кон некои земји, кои немаат перспектива за членство во ЕУ.

– Затоа се залагаме за прекин на преговорите (за членство) со Турција и затоа оваа земја не ја поканивме на конференцијата, додаде Блимел.

Според најавите, на утрешниот собир во Виена ќе учествуваат вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, шефовите на дипломатиите на Албанија и БиХ, Сокол Деда и Игор Црнадак, министрите за европски интеграции на Косово и на Србија, Дурата Хоџа и Јадранка Јоксимовиќ и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Црна Гора. Зоран Јаконовиќ. Романија на собирот ќе ја претставува министерот за европски прашања Џорџе Чиамба.

Треба да знаете
Последни објави