Search

Благојевиќ излезе од затвор со пробелена коса

Поранешниот гувернер на Илиноис со српско потекло, Род Благојевиќ, излезе од затвор откако го помилува американскиот претседател Доналд Трамп.

Може да се забележи дека 63-годишниот Благојевиќ има пробелена коса, а не препознатливата обоена темна коса, која ја имаше додека беше гувернер. Во затвор фарбите за коса се забранети, па Благојевиќ го променил стилот.

Благојевиќ изјави дека е длабоко и вечно благодарен на Трамп поради одлуката да го помилува.

„Трамп не мораше тоа да го направи. Тој е републикански претседател, а јас бев демократски гувернер“ рече Благојевиќ.

Тој нагласил дека „доста научил за кривичниот правен систем и како тој може да биде неправеден, додавајќи дека се „доближил до Бога“ и дека во целата оваа работа имало „божја интервенција“.

За идните планови, Благојевиќ рекол дека планира она што е лошо да го направи добро.

„Ќе се борам против коруптивниот правен систем, кој често прогонува и процесуира луѓе кои ништо лошо не направиле, кој изрекува повисоки казни, не покажува милост“ порачал Благојевиќ.

Тој беше осуден на 14 години затвор поради корупција, е пуштен од затвор четири години пред да има право на условна слобода во 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави