Search

Бијонсе и Хилари Клинтон на свадбата на децата на индиски милијардери

Во сезоната на големи индиски свадби, денешната свадба на претставниците на две милијардерски семејства би можела да биде најголемата, а медиумите известуваат за настапот на Бијонсе и присуството на многу познати личности.

Младата Ајша Амбани е образована во престижни американски универзитети и е ќерка на индустријалецот Мукеш Амбани за кој се верува дека е најбогатиот човек во Индија. „Форбс“ проценува дека неговиот нето-имот вреди повеќе од 43 милијарди долари.

етот е Ананд Пирамал за кој тврдат дека е релативно сиромашен, се проценува дека неговиот татко вреди 10 милијарди долари.

Свадбата се одржа денес во Мумбај, но прославата почна пред повеќе недели, од свршувачката во септември во италијанска палата на езеро.

Во текот на викендот илјадници гости присуствуваа на претсвадбените прослави во палатата од 16 век во индискиот пустински град Удајпур, каде што на видеоснимка се гледа како поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, игра со Паха Руха Кан, една од најголемите индиски филмски ѕвезди, а недалеку од нив игра и поранешниот државен секретар Џон Кери.

Врв на вечерта беше настапот на Бијонсе, која ја отпеа Crazy in Love меѓу другите хитови со бендот и серијата промени на костимите, при што најмалку еден беше инспириран од индиската носија. Бијонсе го осветли Удајпур”, стои во насловната на весникот „Тајмс оф Индија“.

Индиските свадби се познати по својот луксуз и многу семејства се задолжуваат бидејќи сакаат да поканат стотици или дури илјадници луѓе и да организираат професионални настапи на пејачи и танчари.

Индиските медиуми укажуваат дека свадбата на Амбани во Мумбај денес ќе биде релативно мала, со речиси 600 гости. По свадбената церемонија, ќе следуваат дополнителни журови. Антила, 27-катниот дом на Амбаниеви во Мумбај, е украсен со светилки за свадбата и ноќе изгледа како мал облакодер. Медиумите известуваат дека семејството има резервирано стотици хотелски соби за своите гости.

Треба да знаете
Последни објави