Search

Битолчанец со ,,мерцедес” упатувал закани по живот на полицајци, во Тетово нападнати полицајци

Вчера во 16.00 часот во СВР Битола било пријавено дека околу 08,00 часот пред бензинска пумпа во Битола, Љ.Т. кој управувал патничко моторно возило „мерцедес” со велешки регистарски ознаки упатувал закани по живот кон полициски службеник од СВР Битола, по што го напуштил местото на настанот.За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Во Полициска станица Тетово вчера во 14:20 часот било пријавено дека околу 15.00 часот  на ул.„Б.Тоска” во Тетово полициски службеници од СВР Тетово биле физички нападнати од три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави