Search

Битолчанецот кој почина на 22 години од коронавирус не бил вакциниран

Младиот пацинет од Битола кој имал 22-години и почина од коронавирус не бил вакциниран и имал коморбидитет, односно страдал од обезност. Тој за првпат бил дијагностициран како позитивен на вирусот минатата сабота,а состојбата нагло му се влошила за три денови.

Пациентот бил лекуван во КБ Битола, позитивен на Ковид 19 од 09.10.2021. Прв пат се јавил на преглед на 10.10.2021 на инфективното одделение во битолската болница, според лекарскиот извештај, пациентот бил без знаци за пневмонија, имал температура и му била препишана терапија за дома. Пациентот бил на лекарски преглед и следниот ден на 11.10. а за 12.10.2021 на пациентот му биле закажани контролни анализи. На 12.10. поради влошување на РТГ наодот и лабораториски анализи, пациентот бил хоспитализиран. Во лекарскиот извештај е наведено дека пациентот бил ставен на кислородна поддршка и дадена му е соодветна терапија. Кај пациентот прогресивно дошло до влошување на состојбата, починал на 15.10.2021. Коморбидитети: обезитас. Не е вакциниран, соопштија од Министерството за здравство.

Треба да знаете
Последни објави