Search

Битолска млекара предвреме го плати данокот на добивка, и со финансиска донација за Клиничката болница Битола

Битолска млекара изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година во висина од 15 милиони денари за како што соопштуваат, со надеж и верба дека на тој начин ќе придонесат кон ублажување на последиците од вонредната ситуацијата настаната поради пандемијата на КОВИД-19.

Битолска млекарница, воедно, донира финансиска помош на Клиничка болница – Битола за набавка на два пациент монитори, потребни за подобрување на болничките капацитети во справување со коронавирусот.

-Треба да ја покажеме нашата одговорност кон заедницата. Во овие моменти потребно е да делуваме заеднички и да покажеме единство со сите државни и општествени процеси. Во тие рамки ја ставаме и грижата за локалната заедница и реагираме соодветно за да помогнеме онаму каде има потреба. Упатуваме и апел до нашите сограѓани да се заштитат, да останат дома и да бидат безбедни, за оваа криза побрзо да помине, истакнаа од Бимилк.

Во изминатиов период Битолска млекара донираше и производи за најранливите групи граѓани во Битола кои преку Црвениот Крст Битола се распределени според потребите и евиденциите на локалната канцеларија за хуманитарна помош.

Треба да знаете
Последни објави