Search

Битиќи: Граѓаните треба да знаат дека економијата нема да заздрави со 8 отсто данок како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, туку треба солидарност

Внесување на свежи пари во економијата е возможно само со задолжување, печатење на пари не е опција, затоа што ќе се девалвира денарот. Ние мора да изградиме консензус дека ќе се избориме со оваа криза и од неа ќе излеземе што помалку ранливи, а колку таа ќе трае не зависи од нас, порача претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи во денешното гостување во ТВ 24.

Потребен ни е консензус околу даночните политики што со ВМРО-ДПМНЕ навистина е тешко да го постигнеме бидејќи имаме спротивни ставови на оваа тема, а консензусот ќе биде тоа да им се каже на граѓаните дека нема да биде возможно од оваа криза да се излезе со 8 отсто персонален данок со 8 отсто данок на добивка како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, туку секој од нас треба да знае дека ќе не чини малку повеќе, истакна Битиќи.

Околку предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за префрлање на средствата од приватниот пензиски столб во државниот, Битиќи оцени дека таквиот предлог е чиста национализација на приватниот пензиски фонд.

Она што вие го предлагате е чиста национализација. Во вториот столб има 515.000 луѓе коишто се сопственици на тие средства, вие не можете да направите таков интервенционизам без да ги прашате, заклучи Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави