Search

Бизнис Комората на Косово и СКСЗМ: Да се укинат тестовите на Ковид-19 меѓу двете земји

Влијанието на кризата на пандемијата КОВИД-19 достигна огромни размери на глобално ниво. Оваа криза влијаеше врз дејноста на бизнисите и истовремено има големо влијание како на економски така и на социјален аспект. Со оглед на горенаведеното, владата на Република Северна Македонија и Република Косово треба да донесат одлуки што ќе го олеснат слободното движење на луѓето и ќе овозможат непрекинат проток на трговската размена, што влијае на развојот на регионалната економија на двете земји.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Бизнис Комората на Косово апелираат до владите на двете земји да ја укинат одлуката за задолжителен негативен ПЦР тест, во координација со соодветните министерства и комисии со цел да се овозможи продолжување на непречена регионална соработка, подржувајќи се кон сите мерки за заштита и спречување на КОВИД-19.

Со оглед на фактот дека Северна Македонија и Косово се соседи по копнена граница, задолжителниот негативен ПЦР тест за влез во двете земји претставува дополнителна бариера како за физичките лица така и за бизнисот, бидејќи најпрво се погодува економијата која претрпува големи загуби од оваа одлука.

Косово и Северна Македонија немаат воспоставено тестови со Албанија и не е потребно тие да се воспостават меѓусебно.

 

Треба да знаете
Последни објави