Search

БЕТ-наградите го истакнаа гласот на Афроамериканците, уметниците се вмешаа во политика

Наградите БЕТ 2020 служеa како продолжение на гласовите на Афроамериканците кои протестираат на улиците за нееднаквостите со кои се соочуваат, а уметниците ги користеа своите настапи за да го истакнат движењето „Black Lives Matter“, граѓанските права и загубените животи на црни луѓе како последица на полициска бруталност и расизам, меѓу нив и Џорџ Флојд, пишува американската агенција „Асошиејтед прес“ (АП).

Раперот и текстописец Дабаби – навраќајќи се на последните моменти од животот на Флојд со лицето на земја додека полицаец со колено му го притиска вратот – испеа стих од ремиксот на Black Lives Matter  на неговиот хит Rockstar. Неговата изведба беше проследена со снимки од протести, одраз на сегашниот свет по смртта на Флојд и многу други Афроамериканци, вклучувајќи ги и Бреон Тејлор и Ахмауд Арбери.

Неделното шоу, виртуелен настан, како резултат на пандемијата на коронавирус, содржеше голем број  многу продуцирани, добро изработени и претходно снимени изведби. Наградите БЕТ започнаа со афроамерикански музичари кои рапуваа и пееја химни за искуството на афроамериканската заедница во борбата за еднакви права.

За разлика од виртуелниот настан оваа година, во нормални услови церемонијата BET Awards  го собира целиот американскиот џет-сет на едно место.

Овие награди се врачуваат на истакнати Афроамериканци од областа на музика, спорт, филм и други сфери на забавната индустрија. Добитниците ги избираат членови на БET (Black Entertainment Television) Академијата, која ја сочинуваат професионалци, новинари и фанови..

Треба да знаете
Последни објави