Search

Берни Екелстон ќе стане татко на 90 години

Берни Екелстон, некогашниот газда на Формула 1 како што јавуваат медиумите во Англија, кој има 90 години, ќе стане татко со својата трета сопруга Фабиана, која пак има 45 години, или е двојно помлада од него.

Ова на Берни ќе му биде четврто дете, прво со Фабиана.  Тој од бракот со Ајви Бамфорд, со која се ожени во 1952 година, има ќерка Дебора (65 години). Во 1985 година стапи во брак со тогаш југословенката Славица Радиќ, екс манекенка од Ријека. Берни и Славица имаат две ќерки Петра (29) и Тамара (35). Додека со Фабиана, која беше маркетинг директор во Формула 1, се ожени во 2012 година. Инаку Берни има и пет внучиња.

Кога станува збор за неговото богатство, тоа изнесува блиску 3,5 милијарди евра, и важи за еден од најбогатите луѓе во светот.

Треба да знаете
Последни објави