Search

Бенитез се закани дека ќе го напушти Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Рафа Бенитез може да го напушти клубот на крајот од сезоната.

Според „Телеграф”, 58-годишниот стратег соопштил дека ќе си замине, ако не бидат привлечени најмалку двајца нови играчи во зимскиот трансфер прозорец.

Бенитез го повика раководството на Њукасл да одговори на неговото барање за засилување на тимот за да го спаси тимот од испаѓање од Премиер Лигата. До крајот на зимскиот прозорец има уште 9 дена.

Њукасл е на 17 место во пласманот, со 21 поен по 23 круга.

Треба да знаете
Последни објави