Search

Бензинот и дизелот со повисока цена – ова се новите цени кои важат од полноќ

Регулаторната Комисија за енергетика вчера стандардно две недели по последната одлука,  ја донесе новата одлука за цените на горивата.

 

Рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,84%.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,00%. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,100 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 32,137 ден/кг.

Треба да знаете
Последни објави