Search

Бележење на хоризонтална сигнализација во Карпош

Општина Карпош овие денови обележува поголем дел од постоечката хоризонтална сигнализација (пешачки делови). Имено, деновиве се работеше во населбата Карпош 2 (ул. „Драгиша Мишовиќ“) и во Козле (на ул. „Џумајска“). Со обележување на пешачките делови ќе се продолжи и во претстојните денови. Основната цел е постојано да се зголемува безбедноста во сообраќајот. Покрај тековното одржување, локалната самоуправа работи и на нови сообраќајни решенија (каде што доминираат еднонасочни улици), се поставуваат заштитни столпчиња, „лежечки полицајци“ и сл.

Ги повикуваме граѓаните на Карпош, да пријавуваат места каде што е потребно повторно обележување на хоризонталната сигнализација, преку мобилната апликација „мЗаедница“ или преку официјалните канали на комуникација на општината на социјалните мрежи.

 

Треба да знаете
Последни објави