Search

Белград и Загреб во водечката тројка најзагадени градови утрово во светот

Српската и хрватската престолнина Белград и Загреб утрово според загаденоста на воздухот се најдоа во водечката тројка на светот. Белград е лидер на како што наведува сајтот  AirVisual со индекс на загаденсо на воздухот од 439, заднего е украинскиот главен град Киев со 160, па Загреб со 158.

Македонскиот главен град Скопје каде деновиве во екот на намалено движење на луѓето, автомобилите и работата на индустриските капацитети поради мерките за спречување на ширењето на заразата со коронавирусот, може да се почувствува непријатна миризба, се најде на 20. место со коефициент на загаден воздух од 97.

Листата со загадени градови може да се погледа тука. 

 

Треба да знаете
Последни објави