Search

Бектеши-Чаба: Министерството за економија останува отворено за зајакнување на плодната соработка со Канада

Клучен предизвик за македонската економија во моментов е справување со социо-економските последици предизвикани од пандемијата на вирусот КОВИД-19, како и мерките за рестарт на економијата, заклучија министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорката на Канада со седиште во Белград, Катлин Чаба, која го завршува својот мандат.

На прошталната средба во Скопје помеѓу министерот и амбасадорката беа разменети мислења за трговската соработка меѓу двете земји и добрите економски односи.

Министерот Бектеши, информираат од неговиот Кабинет, и се заблагодари за плодната соработка во изминатите три години и изрази надеж дека и во наредниот период ќе се унапреди во повеќе области.

Тој ја информираше амбасадорката за политиките и мерките кои ги спроведе Владата во справување со последиците од пандемијата, пред се во делот на поддршка на економијата.

Беше истакната потребата од зголемена соработка и солидарност помеѓу државите како одговор на здравствените и социо-економски предизвици наменети од овој глобален проблем.

Министерот Бектеши ги потенцира приоритетите на Владата во наредниот период коишто се во насока на постигнување забрзан и одржлив економски раст преку зголемување на конкурентноста на македонската економија и се заблагодари за континуираната поддршка од страна на Канада за напорите кои ги прави нашата земја во остварувањето на европските аспирации и започнувањето на преговори за членство во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави