Search

Бектеши: Интензивно инвестираме во инфраструктурата,патувањето од Пелагонија до Скопје ќе се скрати за 60 километри

Mинистерот за економија Крешник Бектеши заедно со заменик претседателот на Владата и министер за политички систем и односи со заедниците Садула Дураки и директорот на Јавното претпријатие „Македонијапат“, Беким Мемеди извршија увид на градежните работи за рехабилитација на  патот за Гостиражни- Црнилиште-Петле во општина Долнени.
Вкупната должина на овој патен правец кој ги поврзува општина Чашка и општина Долнени е 11 километри, а инвестицијата изнесува 80 милиони денари.
„Денеска сме присутни да извршиме увид во реконструкцијата на овој патен правец кој е многу важен и е долгогодишно барање на жителите од овој регион, Тоа барање сега веќе е реалност. Ова е инвестиција од 80 милиони денари и ќе ги поврзува општините Долнени и Чашка и истовремено ќе го скрати патувањето на сите жители кои би патувале во Скопје. Само во еден правец се скратува патувањето до главниот град за 60 километри. Ние како Влада сме посветени на изградба на инфраструктурата.Нашата главна цел е да обезбедиме квалитетен и подобар живот на сите граѓани. Од минатата година интензивно работиме на изградба на инфраструктурата низ целата држава. Интензивно се вложува во изградба на нови патишта и реконструкција и рехабилитација на старите кои со децении биле заборавени, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.
Директорот на ЈП „Македонијапат“ Бемим Мемеди информираше дека асфалтирањето на патот од селото Црнилиште до Чашка е започнато пред неколку дена, а првата фаза ќе биде завршена до крајот на месецот.
„Овој патен правец е во должина од 11 километри од Црнилиште до реката Бабуна во општина Чашка, првата фаза е во должина од 7 километри кој ќе биде целосно тампониран и асфалтиран, а реконструкцијата и изградбата на втората фаза ќе започне следната недела. Според проекците до крајот на месецот треба да заврши изградбата на првата фаза, но сепак се работи за тежок проект од големо значење и тежок за изработка, очекуваме дека до крајот на годината целосно ќе биде завршена реконструкцијата на целиот пат“ изјави директорот Мемеди.
Според последните податоци реализацијата кај изградбата на патишта во државата е над 35 проценти од почетокот на годината.

Треба да знаете
Последни објави