Search

Без струја утре ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода, Чучер Сандево и Сарај

Без струја утре ќе останат дел од корисниците од скопските општини Кисела Вода, Чучер Сандево и Сарај. Како што соопштија од РЦУК – Скопје, утре од 08.30 до 11.00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Драчевска” во населба Драчево.

Во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од улицата „Пушкинова” броевите 1, 3, 6 и 21.

Во периодот од 09.30 до 14.00 часот, корисниците од селата Глуво, Бразда, Горно и Долно Оризари, како и дел од корисниците од село Мирковци.

Од 11.00 до 13.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Радуша.

Треба да знаете
Последни објави