Search

Бебе борец – го исклучиле од апарати, но продолжило да дише

Калеб Крук, 15-месечно момче од Велика Британија, одлучи да живее и покрај најлошите предвидувања на лекарите. По раѓањето , во живот го одржувале апаратите, бидејќи бил роден со тешко мозочно оштетување поради недостаток на кислород за време на бременоста или породувањето. Десет дена по породувањето, лекарите ги повикаа родителите Беки и Филон да се простат од своето бебе. Тие им рекоа дека мора да ги исклучат апаратите, бидејќи веќе нема надеж. Уредите беа исклучени, но момчето продолжи да дише. Тој го стиснал прстот на мајката и ја погледнал како да сака да и каже дека сè ќе биде добро, да не се грижи.

Ова ќе биде неговиот прв Божик кој ќе го помине дома со нас. И покрај неговите сложени потреби и тешки повреди на мозокот, тој сака да се смее, особено кога ќе го слушне гласот на неговата постара сестра“, кажа Беки (30). Таа додаде дека бебето е родено дома непланирано, бидејќи сè се случило многу брзо. Бил блед, не дишел, а неговото тело било целосно опуштено, како да нема живот во него. На Калеб му беше дијагностициран трет степен на хипоксично-исхемична енцефалопатија. Тешко и неповратно оштетување на мозокот како резултат на недостаток на кислород. Иако прогнозите за неговата иднина се неизвесни, семејството ужива во секој момент поминат во друштво на ова весело и среќно дете.

Треба да знаете
Последни објави