Search

Бајден ќе го прими кенискиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден ќе го прими неговиот кениски колега Ухуру Кенијата во Вашингтон на 14 октомври, соопшти денеска Белата куќа.

Двајцата лидери ќе разговараат за цврстите билатерални односи меѓу САД и Кенија, како и потребата за транспарентност и отчетност во националните и меѓународните финансиски системи, се вели во соопштението.

Тоа ќе биде прва билатерална средба на Бајден како американски претседател со некој африкански лидер.

Средбата се организирана во време кога војната и хуманитарната криза во соседна Етиопија не се смируваат.

Кенија, која граничи со Етиопија, долго време има добри односи со САД, и беше партнер на Вашингтон во борбата против исламистичкиот тероризам.

Кенија овој месец претседава со Советот за безбедност на ОН, што е место што ротира месечно, и една од причините зошто Ухуру Кенијата е во САД.

Треба да знаете
Последни објави