Search

Бајден повика на единство на молитвениот појадок

Американскиот претседател Џо Бајден апелираше на единство, во говорот што го одржа на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон.

„ Во нашата политика и во нашите животи премногу често се гледаме како противници, а не како конкуренти. Се гледаме како непријатели, а не како соседи. Колку и да се тешки времињата, ако погледнеме поблиску можеме да ја видиме силата и решителноста што долго време ја дефинираа Америка – рече Бајден, пренесува АП.

Молитвениот појадок се одржа во центарот за посетители на зградата на американскиот Капитол, а аудиториумот со 450 седишта беше преполн со членови на Конгресот, владини претставници и други достоинственици.

Треба да знаете
Последни објави