Search

Бајден нема да држи предизборни митинзи поради коронавирусот

Кандидатот на Демократската партија на претседателските избори во САД, Џо Бајден, соопшти дека нема да организира предизборни митинзи поради епидемијата на коронавирусот.

„Ќе ги почитувам наредбите на лекарот, не само заради мене туку и заради земјата – што значи дека нема да држам митинзи“, рече поранешниот потпретседател на САД.

Тоа е спротивно на ставот на неговиот противник Доналд Трамп, кој го одржа првиот митинг на својата кампања во Тулса, Оклахома во јуни, и покрај здравствените предупредувања, пренесува „Би-би-си“.

Сепак, одѕивот беше помал од очекуваното, а не се најавени нови митинзи.

Треба да знаете
Последни објави