Search

Бачев: Стара практика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е да се расправаат кога земјата е во криза

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев на денешната прес-конференција зборуваше за, како што кажа, најновата срамна кавга меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоси околу тоа дали треба или не треба да се стопира исплатата на пари од буџетот за партиите во 2020 година.

Според него, стара практика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е секогаш кога земјата е во криза да се расправаат меѓу себе за се и сешто.

„Кај народот владее страв и паника од коронавирусот, се бара начин како животот на луѓето да се врати во нормала, само Зоран Заев и Христијан Мицкоски три дена се расправаат дали да се стопираат парите за финансирање на партиите за 2020 година“, истакна претседателот на Единствена Македонија.

Според него, расправијата во која Заев божем бара, а Мицкоски божем не се согласува со откажувањето од парите за партиите е само евтин пропаганден трик и навреда на интелегенцијата на народот.

„Прашањето е што ќе покрие Заев со 1,5 милион евра во кризата кога и самиот кажа дека му требаат дури 2 милијарда и двеста милиони евра, а не е на одмет да потсетиме дека Заев на изборите во 2016 потроши фантастични десет милиони евра во кампањата, а сега и на изборите што следат ќе потроши десетици милиони евра“, посочи Бачев.

Единстена Македонија бара Заев да каже од каде ќе ја финансира кампањата штом се откажува од легални пари од буџетот и порачува дека коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ на конкретен начин покажува дека секогаш е со народот со секојдневното предлагање на мерки за борба против коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави