Search

Барселона нема 30 милиони евра за Депај

Барселона нема 30 милиони евра да го реализира трансферот на Мемфис Депај од Лион.Секако дека ова е голем шок за Роналд Куман, новиот стратег на Барселона.

“Бартомеу ми се јави на телефон, и ми потврди дека Барса сака да го купи Депај. Исто така ми рече дека имал проблеми зошто пандемијата со коронавирусот ги донела до криза и дека во овој момент не се во состојба да пратат било каква понуда“ ова се зборовите на Жан Мишел Ола, првиот човек на Лион.

Инаку утринава се појави веста дека Барселона ќе ги плати тие 30 милиони евра, но прво треба да ги заработи, со оглед на тоа дека клубот нема пари и дека е во минус од 200 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави