Search

Барселона доби привремен претседател

Жозеп Марија Бартомеу вчера соопшти дека го напушта претседателското столче кај шпанскиот фудбалски гигант Барселона. Денеска тимот од „Камп Ноу“ најави привремен претседател, кој ќе биде на чело на клубот до изборите закажани за идната година.

Привремен претседател на каталонскиот тим ќе биде Карлос Тускетс, кој ја создаде банката „ФИБАНК“, а притоа во свое сопствеништво има уште 56 компании. За Тускетс се шпекулира дека ќе биде кандидат за претседател и на следните избори во Барселона, но засега нема поднесено официјална кандидатура.

Познат е по тоа што често беше против потезите на Бартомеу и неговиот раководен тим и против богатите договори кои ги добиваа ѕвездите на каталонскиот гигант.

Треба да знаете
Последни објави