Search

Барса со нова понуда за Нејмар: Сто милиони евра и ПСЖ сам да одбере двајца фудбалери

„Каталонците” доставиле нов предлог до ПСЖ за ангажман на Нејмар, Барселона нуди 100 милиони евра а „светците” ќе можат да си одберат и двајца фудбалери, но не и Меси.

Последната шпекулација на оваа тема доѓа од Скај Германија. Извештајот вели дека Барса на ПСЖ му нуди 100 милиони евра и двајца играчи по желба.

„Светците“ ќе треба да одберат од листа на која има шест имиња а на врвот се наоѓа Филипе Кутињо. Има и уште неколку играчи со помала вредност како Иван Ракитиќ, Нелсон Семедо и Малком.

Скај Германија исто така додава дека дополнителен проблем е тоа што Кутињо и Ракитиќ во овој момент не сакаат преселба во Париз а истото важи и за Осман Дембеле.

Треба да знаете
Последни објави