Search

Барањето за апанажа на Трипуновски е само потврда дека на ВМРО-ДПМНЕ не им се важни земјоделците, туку само народните пари

Барањето на поранешниот дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипунивски за апанажа за неговиот ангажман во преодната Влада е доказ дека за кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски важни се само народните пари, а не интересите на земјоделците, на граѓаните, се вели во реакцијата на владеачката СДСМ.
-Кривична пријава за злоупотреба на службена должност, организирање партиски протести на лажни земјоделци и неовластено снимање на вработени во подрачна единици на Министерството, се единствените резултати на Трипуновски во земјоделството.
За ова, Трипуновски сега бара се уште да троши пари од граѓаните. Тоа е неодговорно, несериозно и незрело однесување на Трипуновски кој со ваквиот потег само потврди дека за него, единствен интерес се народните пари и кога не работи и кога работи на штета на земјоделците.
Треба да знаете
Последни објави