Search

Балкански турски форум во Скопје

Во организација на Партијата за Движење на Турците (ТХП) денес во Скопје се одржува Балкански турски форум. На форумот учествуваат повеќе еминентни политичари, академици, научници и преставници на невладиниот сектор од балканската географија и Турција. Настанот е посветен на образованието и културата на турски јазик на Балканскиот Полуостров.

Главни цели на овој настан се запознавање со образовните и културните проблеми на турската заедница низ целиот Балкан, но исто така и зголемување на соработката на балканските земји во сите сфери.На отворањето покрај претседателот на Партијата за движење на Турците, Енес Ибрахим, се обрати и потпретседателот на Владата, Оливер Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави