Search

Балетската претстава „Шехерезада“ в среда во МОБ

В среда, на 24 април, во 20 часот, Националната опера и балет ќе ја прикаже балетската претстава „Шехерезада“.

Музиката за ова популарно дело е на рускиот композитор Николај Римски Корсаков. Кореографијата за нашата „Шехерезада“ е на познатиот кореограф од Москва, Михаил Крапивин. Сценографијата на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија.

Балетска приказна работена по мотивите на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе ни ја раскажат балетските првенци Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија), солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Бисера Чадловска.

Билетите се во продажба на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн.

Треба да знаете
Последни објави