Search

„Бакси“ го прегазија „Сакременто“, Џејмс немоќен против „Репторс“

Кошаркарите на „Торонто Репторс“ во Лос Анџелес ги декласираа „Лејкерси“ со 107:121, со фантастични 42:17 во првата четвртина, што е неславен рекорд за „езерџиите“, кои никогаш во еден период од играта не губеле повеќе од 24 коша разлика.

Во еден момент гостите имаа предност од 41:10 и без најдобриот играч, Каваи Ленард, но благодарение на одличната игра на Серж Ибака, кој постигна 34 коша, негов личен рекорд, со десет коша. Кајл Лоури додаде 21 поен и 15 асистенции за „Рапторс“, кои се водечки тим во Источната конференција со 9-1. Кај „Лејкерси“ Кајл Кузма постигна 24 поени, а Леброн Џејмс само 18 коша.

„Милвоки Бакс“ го прегазија изненадување во текот на сезоната „Сакраменто Кингс“ со 144:109, поставувајќи нов рекорд со 22 погодени тројки во еден натпревар. Кај домаќините стандардно најдобар беше Јанис Антетокумпо со вториот трипл-дабл ефект сезонава со 26 поени, 15 скокови и 11 асистенции. Кај „Кингс“ најдобар беше Џастин Џексон  со 22 поени.

Кошаркарите на „Филаделфија“ продолжуваат со осцилациите во играта па останаа без победа на гостински терен и во петтиот натпревар сезонава, овој пат против „Бруклин Нетс“ со 122:97. Гостите, сепак се во позитива, бидејчи немаат пораз дома во шест натпревари. Кај „Нетс“ шестмина беа двоцифрени, а тројца имаа по 20 и повеќе поени, ДиАнџело Расел и Рондае Холис Џеферсон со по 21 поен. Кај гостите се истакнаа Бен Симонс со 20 поени и 12 скока, како и Џоел Ембид со 16 коша и 15 скока.

„Феникс Санс“ конечно победија и сега имаат две победи со осум порази. Тие на домашен терен беа подобри од „Мемфи Гризлис“ со 102:100, а Девон Букер бее најдобар со 25 коша иседум асистенции.

Во останатите натпревари „Орландо  Меџик“ го порази „Сан Антонио“ на гости со 110:117, а „Вашингтон“ беше подобар од „Њујорк“ со 108:95, а „Портланд“ од „Минесота“ со 111:81.

Треба да знаете
Последни објави