Search

Базел и Вулверхемптон ги комплетираа четвртфиналните двојки во ЛЕ

Шахтар – Базел, Вулверхемптон – Севилја, Манчестер јунајтед – Копенхаген и Интер – Баер Леверкузен се четвртфиналните двојки во фудбалската Лига Европа. Последните патници во четвртфиналето се Базел и Вулверхемптон откако забележаа минимални победи од по 1-0 и ги елиминираа Ајнтрахт односно Олимпијакос.

Швајцарски Базел немаше проблем со Германците, откако првиот меч на гости го доби со 3-0. Базел дома има серија од седум победи по ред во мечевите од Лига Европа, па за нив не е баш убаво што завршницата (од четвртфинале до крај) ќе се игра не неутрален терен во Германија.

Вулверхемптон се провлече против Олимпијакос. Грците по примениот гол од пенал се обидуваа да израмнат, имаа шанси дури и ја затресоа мрежата на домаќинот но голот им беше поништен со одлука од ВАР собата. Вулверхемптон по 48 години ќе игра во четвртфинале на едно европско клупско натореварување.

Треба да знаете
Последни објави