Search

Баерн: Не е точно дека сме контактирале со Венгер

Раководството на Баерн Минхен до моментов не остварило никаков контакт со поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој веќе некое време е поврзуван како најверојатен заменик на Нико Ковач. Ова го сподели спортскиот директор на баварците, Хасан Салихамиџиќ.

– Можам да ве уверам дека немало никаков контакт со Арсен Венгер. Патуваме за Бремен со Нико Ковач. Тој е нашиот тренер и со него ќе победиме во овој натпревар. Често не успеваме да сме концентрирани полни 90 минути, но се справивме многу добро против Бенфика и може да градиме врз тоа. Начинот на кој Баерн игра, ме тера да се чувствувам среќен. Но јас сум среќен и поради тренерот и клубот, прокоментира Салихамиџиќ.

Хрватот барем за момент го симна огромниот притисок врз себе, откако вчера гигантот од Минхен запиша убедлива победа над Бенфика со 5:1 во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави