Search

Бабиќ реваншот со Спортинг смета дека ќе биде психолошка битка

Македонскиот ракометен претставник Еурофарм Пелистер во 6. коло од групата Д во вторто по ранг меѓународно клупско натпреварување Лига Европа утре (20:45 часот) го пречекува португалскиот Спортинг Лисабон. Тоа ќе биде реванш по дуелот во Португалија минатата недела, што заврши без победник (27-27) иако битолчани имаа предност речиси целиот натпревар.

-Во Лисабон одигравме добар натпреавр. Иако го имавме последниот напад и можевме да победиме не ни успеа. Во секој случај, играчите покажаа карактер и фантастично го презентираа клубот, државата и себе си. Сите знаеме дека е тешко да се освојуваат бодови на гостински терен и знаеме колку е добар Спортинг. Што се однесува до вториот натпревар, нè очекува голема борба. Јас дури би рекол една ментална битка, мора да бидеме целосно фокусирани, а исто толку мора да бидеме ментално цврсти и спремни да го чекаме нашиот момент, вели Жељко Бабиќ тренерот на битолчани.

По пет одиграни кола во групата Д, лидер е Ним со 7 бодови, колку што има и Спортинг, додека Еурофарм Пелистер е трет со шест бодови. Следуваат АЕК и Кадетен со по четири, а последна е Татабања без бодови.

Треба да знаете
Последни објави