Search

Бабиќ: Во корона-сезоната фаворити нема

македонскиот ракометен претставник во второто пшо ранг европско клупско натпреаврување Лига Европа, битолски Еурофарм Пелистер утртевечер (20.45 ч.) ќе го одигра натпреварот од 5. коло во групата Д на гости кај  словенечкиот Тримо Требње. Тренерот на битолчани, хрватскиот стратег  Жељко Бабиќ вели дека во оваа корона-сезона нема фаворити и такви улоги не треба да се споменуваат.

-Видовме дека Тримо Требње ја победи Татабања, иако унгарскиот тим беше фаворит. Мислам дека улогата на фаворит не треба ни да се спомнува. Важно ни е што се враќаме во натпреварувачки ритам, ова ни е трет натпревар во низа, имаме интензитет на тренинзите, играчите се поспремни од пред 10-15 дена и очекувам добра презентација на нашиот тим – вели Бабиќ.

Моментно на табелата во групата „Д“ Тримо Требње е на третата позиција со два бода од еден одигран натпревар, а Еурофарм Пелистер е на петтата позиција со еден бод од три натпревари.

-Од тренерски агол можам да кажам дека Урош Зорман на клупата кај Тримо Требње одлично си ја  врши својата обврска. Одличен тренер е и тоа е видливо на секој чекор. Екипата е дисциплинирана, страотно брза, казнува од транзиција, добро играат „еден на еден“ и со пивотмен. Тимот е одлично селекциониран и добро воден од тренерот Зорман – вели стратегот на битолската екипа, Бабиќ.

Треба да знаете
Последни објави