Search

Ахмети се сретна со директорот на ИРИ, зборуваа за ветингот

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети во Собранието се сретна со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа, Пол Макарти и резидентниот директор на програмата Овен Паун.

Господинот Макарти истакна дека ќе ја продолжи успешната соработка со ДУИ, при што ги презентираше програмите за развој на аналитичките центри на политичките партии, комуникацијата, транспарентноста и борбата против корупцијата, соопшти партијата.

,,Претседателот на ДУИ,Али Ахмети се заблагодари за средбата и поддршката што Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и ја нуди на ДУИ и на граѓаните, во насока на зајакнување на капацитетите за борба против криминалот и корупцијата со цел создавање на издржлива база за новите генерации. Господинот Ахмети ја истакна потребата за ,,ветинг”, како форма на проверка на носителите на јавни функции во земјата за да се придонесе во владеењето на правото, неселективната правда, борбата против корупцијата, поголема транспарентност и да ги спречиме шпекулациите и клеветите. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети ја истакна и потребата за отстранување на предрасудите кои постојат во нашето општетсво, тој истакна дека ова држава е заедничка и дека иднината треба да се изгради заедно”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави