Search

Ахмети за „Монструм“: Имав информации дека момчињата не биле само убиени туку масакрирани

На денешното рочиште за предметот „Монструм“ прв сведок е лидерот на ДУИ, Али Ахмети. На прашањето од судијта кога и како разбрал за овој грозоморен настан, Ахмети рече дека разбрал утрешниот ден.

-Беше многу трагичен настан. Сигурно дека сум разговарал со многу луѓе, ако вреди за судот и за јавноста сите мои разговори нека се прикажат јавно. Нормално е дека не можам да се сетам на сите детали, но сум зборувал за да ја видиме вистината за настанот, бидејќи бевме вознемирени. Јас и како претседател на партија и пратеник имав грижа, тоа не беше лесна ситуација, сите на некој начин бевме исплашени од овој настан и да не дојде до некој судир. Сите разговори беа со тој поглед со моите соработници. На детали може да ме потсетите. Тоа беше многу лоша ситуција за сите и за мене, и како за човек и како партија сум се обидувал да дадам придонес да се расчисти ситуацијата. Сум разговарал со меѓународната заедница, сум барал помош од госпоѓа Нуланд како помошник државен секретар на САД, како и од високи претставници на ЕУ. Одговорот на Нуланд беше дека тие не можат да помогнат во овој настан. И одговорот на ЕУ и САД беше дека тие веруваат на ОБСЕ. Мојата грижа беше да нема влијание за да нема селективна правда. За нас и фамилиите беше најважно да се расчисти најдобро овој случај. Сме барале многу канали и побаравме ова судење да се повтори со цел овој случај да се расветли, посочува Ахмети.

Обвинителката Фатиме Фетаи го прша дали се сеќава на разговор со Сафет Незири.

-Не само со Сафет туку сум разговарал и со многу други луѓе за евентуално да не бидат без вина обвинети. Не негирам дека сум разговарал со него. Добро би било судот и сите да знаат што сум зборел со него”, одговори Ахмети.

На 12.05.2012 година Ахмети од Сафет побарал да се формира паралелна комисија за расчистување со случајот. Фетаи праша што предизвикало сомнеж кај него за тој да побара паралелна комисија.

„Имавме потврдени и непотврдени информации дека може да се случат протести за овој настан и работите да излезат од контрола”, рече Ахмети.

„Два дена после настанот на соговорникот му велите дека убиените биле класично стрелани. Какви ви беа сознанијата?”, праша Фетаи.

„Информациите ги имав од органите, од институциите, бидејќи тие не биле само убиени туку масакрирани”, одговори Ахмети.

„Биолошкиот материјал не им припаѓа на луѓето во кои се сомневаат, со исклучок на луѓето кои не се тука. Како знаете кои се луѓето што се осомничени во овој дел од истрагата, со оглед на тоа дека во тек била предистражна постапка?”, праша Фетаи.

„Секогаш сум се повикувал за да без докази да не се обвинува никој. Тоа било прашање што сум го разговарал со секого”, рече Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави