Search

Ахмети: Договор не е постигнат, но ние сакаме да го продолжиме партнерството

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по денешната средба во Собранието со претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека договор не е постигнат, но се надева дека таков договор е можен зашто државата не треба да остане без извршна власт. Ове беше трета средба меѓу двајцата лидери.

Сепак, тој нагласи дека колку се блиску, толку се и далеку од постигнување договор за формирање влада.

-Државен интерес е да се продолжи партерството кое затвори многу значајни теми – членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. Очекуваме позитивен епилог од овие разговори. Ние инвестираме прашањата да одат во добра насока, изјави Ахмети и најави дека е оптимист и дека преговорите ќе продолжат.

Тој рече дека веќе го информирал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски оти неговата партија започнала преговори со СДСМ, како победник со победник.

– Јас го информирав Мицковски дека започнаа преговори меѓу ДУИ и СДСМ за тие да не создадат лажно мислиење, туку да знаат дека ние правиме напори за да постигнеме договор, потенцираше лидерот на ДУИ.

Прашан дали нивниот став е ДУИ да има премиер една година од мандатот, а останатите три – СДСМ, Ахмети рече дека не сака да ги оптоварува преговорите.

-Не сакам прв да го кажам последниот збор. Ние инвестираме прашањата да одат во добра насока и подготвени сме ова да го направиме за државата затоа што придобивка ќе имаат стабилноста и државата, како и доближувањето на заедниците, рече Ахмети.

И Заев по средбата изјави дека разговорите продолжуваат, но никој од нив не кажува дали неможноста да се постигне договор е околу барањето на ДУИ да има прв премиер Албанец.

Откако Ахмети денеска упати покана за заедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок в четврток по повод годишнината на Охридскиот рамковен договор, Заев во изјава за ТВ 21 тоа го оцени како притисок врз него, СДСМ и коалицијата „Можеме“, но наведе дека е прерано да даде каков било одговор на тоа дали таа средба може да влијае врз формирањето на новото парламентарно мнозинство.

Треба да знаете
Последни објави