Search

АХВ за четири дена спровела 367 контроли, изречени 19 мерки

– Агенцијата за храна и ветеринарство од 23 – 27 март годинава изврши 367 контроли и изрече 19 мерки.

Како што соопшти денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, АХВ констатирала неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна, како и вработени без здравствен преглед за санитарна книшка по што тие се отстранети од објектот.

-АХВ издаде и четири решенија за месарници и маркети поради лоша хигиенска состојба. Наредено им е веднаш да спроведат дезинфекција, дезинсекција и дератизација, истакна Филиповска Грашкоска.

Според неа, од 23 – 27 март шесте инспекциски институции во земјава спровеле 7.633 надзори, од кои 928 надзори за цените на производите. Притоа, кај преку 60 е утврдено покачување на цената, особено на лимоните. Во сите овие случаи е соодветно постапено, а трговците ги вратиле цените како што биле на 11 март. Во однос на непочитување на владините препораки за заштита од коронавирусот, затворени се 22 угосителски објекта.

Треба да знаете
Последни објави