Search

Афлек и Де Армас снимаат сцени од филмот што ги спои

Бен Афлек и Ана де Армас повторно беа заедно во Њу Орлеанс за да преснимаат некои сцени од  трилерот Deep Water („Длабока вода“).

Парот е фотографиран на балкон во „Биг изи“, а Де Армас има блескав дијамантски прстен на левата рака.

Нејасно е дали прстенот што го носи е поврзан со ликот што го глуми во филмот, или парот планира да објави голема вест и покрај гласините дека, наводно, се разделиле. Ваквите шпекулации се должат на фактот што повеќе од еден месец не беа забележани заедно.

Ѕвездата на „Армагедон“ и добитник на Оскар за режија за „Арго“ (48) и 32-годишната Кубанка номинирана за „Златен глобус“ се запознаа на снимањето на „Длабока Вода“.

Треба да знаете
Последни објави