Search

Атман и Криштопанс сепак си заминаа пред дуелот со Мотор

Ништо од убедувањето вардаровите ракометари да останат на број за решавачкиот саботен дуел од Лигата на шампионите со украинскиот Мотор Запорожје. Денеска одлучија да си заминат рускиот интеранционалец Павел Атман кој се пофали дека ставил потпис на договор со Спартак Москва за кој ќе почне да настапува веднаш и летонскиот „џин“ Даинис Криштопанс кој е промовиран во нов член на Фуксе Берлин. Тој нема право да игра за бундеслигашот во ЕХФ купот, но затоа викендов ќе стартува во новата средина во националниот шампионат против Магдебург.

-Му благодарам на Вардар и на сите луѓе во клубот за спектакуларното време што го минавме заедно и за многуте освоени титули. Не може секој да се пофали со трофеј од Лигата на шампионите, но едноставно мора од нешто да се живее. Доаѓам во еден од најдобрите клубови во Германија, чиј дрес со гордост ќе го носам. Верувам дека во Фуксе Берлин ќе продолжам да се развивам како ракометар“, изјави Криштопанс.

Денеска се пофали дека си пронашол нов клуб и голманот Калифа Гедбан кој на крајот од сезоната ќе се пресели во Адемар Леон, а налето си заминуваат Кристијан Дисингер и Данил Шишкарев кој е договорен со Веспрем.

 

Треба да знаете
Последни објави