Search

Атина без договор со Брисел за нова транша кредит

Работната група за еврото денеска не донесе одлука за исплата на речиси една милијарда евра кредит на Грција.

Причината за тоа е што се уште не е постигнат договор со грчката Влада за тоа како Атина планира да ги заштити должниците од преземање на имотот под хипотека, тврди весникот „Катимерини”.

Грчката Влада треба да постигне договор со „европската тројка” пред следниот состанок на Групата, што ќе се одржи на 5 април, а во спротивно одлуката за исплата на следната транша ќе биде одложена третпат.

Аналитичарите оценуваат дека евентуалното ново одлагање на траншата ќе испрати лош сигнал на пазарот.

Европски извори за „Катимерини” изјавиле дека е малку веројатно оти ќе дојде до договор. паг

Треба да знаете
Последни објави