Search

„Астра“се превртила по удар во жардињера во Аеродром, моторџија излетал на Качанички пат

На 24.01.2020 во 04.00 часот на булевар Јане Сандански, пред крстосница со булевар Кузман Јосифовски Питу, автомобил „опел астра”, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(23) од Скопје, удрило во бетонска жардињера и се превртело.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 23.01.2020 во 15.45 часот на улица Качанички пат во Скопје, С.М.(47) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки”, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември” за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави