Search

Архивата на АВМУ од утре ќе рабoти од девет до 14 часот

Согласно донесената одлука на Владата, за забрана и посебен режим на движење на населението (полициски час) на целата територија на државата, архивата на Агенцијата за аудио и аудуовизуелни медиумски услуги почнувајќи од утре, ќе работи со изменето работно време од 09:00 до 14:00 часот.

-Како и во изминатиот период, сите субјекти, правни и физички лица, целокупната документација во јасно читлива скенирана форма, можат непречено да ја доставуваат и преку е-адресата: contact@avmu.mk. Документацијата ќе се смета за уредно доставена, за што испраќачот ќе биде повратно известен.Ваквиот начин на работење на Агенцијата останува во сила до завршување на ограничувањата пропишани од Владата, соопшти денеска АВМУ.

Треба да знаете
Последни објави